УХМР

Стабилно време со студени утра и во наредните денови

21.10.2024 12:07

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата, соопшти УХМР.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.

Денска претпладне по котлините имаше магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде претежно сончево со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степени.