Џенифер Лоренс бремена по вторпат
21.10.2024 12:23
Лоренс месецов ја прославува и петгодишнината од бракот со Кук Марони. Тие се венчаа во Њупорт, Род Ајленд, САД, во октомври 2019 година, и заедно го имаат двегодишниот син Сај.

Џенифер Лоренс ќе стане мајка по вторпат. Оскаровката е бремена со своето второ дете, потврди нејзиниот претставник за списанието „Вог“.
Лоренс месецов ја прославува и петгодишнината од бракот со Кук Марони. Тие се венчаа во Њупорт, Род Ајленд, САД, во октомври 2019 година, и заедно го имаат двегодишниот син Сај.
Во една прилика, Џенифер откри дека Сај го носи името на американскиот сликар Едвин Сај Туомбли, омилен уметник на нејзиниот сопруг, кој инаку, е директор на уметничка галерија.