Собрание

СДСМ поднесува Закон за покачување на минимална плата на 450 евра

21.10.2024 12:34

На прес-конференцијата, Филипче посочи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување во однос на раст на платите. Пред изборите ветуваа дека ќе ја зголемат минималната плата, но реалноста е поинаква не само што нема најава за тоа, туку ситуацијата се влошува.

СДСМ предожи измени и дополнувања на Законот за минимална плата. На прес-конференцијата, Филипче порача дека ваквиот предлог е поради моменталната голема економска несигурност и погрешните економски политики на актуелната власт.

„Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче посочи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување во однос на раст на платите. Пред изборите ветуваа дека ќе ја зголемат минималната плата, но реалноста е поинаква не само што нема најава за тоа, туку ситуацијата се влошува.

Филипче потсети дека во времето на Владата на СДСМ, минималната плата беше приоритет и се зголеми од 8.000 денари на сегашните 22.567 денари.