Андоновски: Преку дигитална трансформација до јавен сектор кој навистина ќе служи на потребите на граѓаните
Андоновски нагласи дека наместо 20, испорачани се повеќе од 80 нови дигитални услуги за граѓаните и компаниите...

„Само преку целосна дигитална трансформација можеме да создадеме јавен сектор кој навистина ќе служи на потребите на граѓаните во 21-от век. Затоа, работата на нашето Министерство не е ограничена само на имплементација на технички решенија. Ние работиме на сеопфатна трансформација која вклучува промена на процесите, регулаторно кратење на бирократските обврски, обуки за дигитални вештини, и што е најважно - промена на културата во јавниот сектор“, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација на денешната Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигитална трансформација“.
Андоновски нагласи дека наместо 20, испорачани се повеќе од 80 нови дигитални услуги за граѓаните и компаниите. Ова четирикратно зголемување е резултат на нашата посветеност и соработка со други институции. Дополнително, бележиме 56% раст во користењето на постоечките услуги од страна на граѓаните, рече Андоновски.
Сите овие реформи и проекти се во насока на вистинско и реално придвижување на Македонија кон полноправно членство во ЕУ. Сите овие проекти ќе бидат во согласност со Иницијативата за дигитална трансформација на ЕК насловена „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030“, Планот за развој на ЕК за Западен Балкан, затоа што дигиталната трансформација на Западен Балкан и зајакнување на неговиот потенцијал како двигател на економскиот раст и просперитет во регионот преку подобрување на пристапот до дигитални добра и услуги е еден од главните приоритети на Реформската агенда.
