МЗШВ

Трипуновски потпиша договор со УХМР за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари

21.10.2024 13:53

Со се овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управа за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во износ од 1.000.000 денари. Со се овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во висина не повеќе од 1.000.000 денари со вклучен ДДВ.