Македонија

Лимани од Женева: Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно

21.10.2024 15:08

Министерот Лимани во своето обраќање зборуваше за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот петгодишен период...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).

Министерот Лимани во своето обраќање зборуваше за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот петгодишен период.

„Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно но потребно е да работиме заедно за зајакнување на позицијата на жената насекаде во светот“,  истакна министерот.