Тетово
Фрлена експлозивна направа во штабот на ПЦЕР во Тетово
21.10.2024 17:27
Експлозивна направа фрлена во штабот на партијата за целосна еманципација на Ромите во Тетово. Увидот трае...

Фрлена експлозивна направа во штабот на ПЦЕР на ул. Иво Лола Рибар во Тетово. Искршени се прозорците на објектот и е направена значителна материјална штета, но за среќа бомбата кашикара не експлодирала. Како што вели Самка Ибраимовски, претседателот на ПЦЕР, ова е чин на нетолеранција и непочит кон Ромите од овој град и од целата држава.
Ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и навремено да постапат“, апелираше Ибраимовски.
Полицијата направи увид на местото на настанот. Првично се знае дека сторителот бил маскиран. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Игор Панов
