Тестираните две лица негативни на птичји грип, епидемиолозите смируваат
Тестираните вработени во Зоолошката градина немаат птичји грип, информираат од Институтот за јавно здравје. Граѓаните коишто ја имаат посетено скопската Зоолошка градина можат да бидат спокојни. Ризик може да има само ако некој без заштитна опрема бил во контакт со мртво животно...

Тестираните вработени во Зоолошката градина немаат птичји грип, информираат од Институтот за јавно здравје. Еден од вработените пред некој ден имал температура и дијареја, додека вториот тестиран не е на списокот од 16 вработени доставени од Зоолошката градина, денеска се пријавил во ИЈЗ со тековни симптоми.
Пренос на птичји грип од животно на човек на отворено е теоретски невозможно, смирува епидемиологот Олумчев. Граѓаните коишто ја имаат посетено скопската Зоолошка градина можат да бидат спокојни. Ризик може да има само ако некој без заштитна опрема бил во контакт со мртво животно.
Од АХВ информираат дека од Зоолошката градина не биле информирани ниту за угинатото животно, ниту за сомнежот, ниту пак, за резултатите што ги добиле дека е детектиран птичји грип. Одговор или став од Зоолошката и Град Скопје денеска немаше.
Наташа Јанчиќ-Мековски
