Партиски реакции за работата на безбедносните служби
Лидерот на партијата Филипче ја повика претседателката Сиљановска-Давкова да го запре најавеното спојување на безбедносните служби...

СДСМ е против спојувањето на Aгенцијата за разузнавање и Aгенцијата за национална безбедност, како што најави премиерот Mицкоски. Лидерот на партијата Филипче ја повика претседателката Сиљановска-Давкова да го запре најавеното спојување на безбедносните служби.
Назначувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност е направено во диктаторски манир и со киднапирање на една од најсериозните институции во сферата на безбедноста, сметаат од СДСМ.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак со контраобвинувања, тврдејќи дека СДСМ бил тој кој за време на своето владеење ги партизирал безбедносните служби, посочувајќи го притоа првиот директор на АНБ, Виктор Димовски за кого велат дека бил член на партиски тела и раководни органи на СДСМ, пред да биде назначен за директор на Агенцијата во 2019 година.
Од ДУИ велат дека новата влада наместо професионални кадри, на значајни позиции, особено во безбедноста, поставуваат партиски кадри.
