„Глува соба“ - нова просторија според безбедносни стандарди
Во „глува соба“, без можност да протечат информации, ќе се носат одлуки од национална безбедност. Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор над безбедносните служби, велат пратениците....

Во „глува соба“, без можност да протечат информации, ќе се носат одлуки од национална безбедност. Проектот ги вклучува најдобрите практики на управување со безбедносниот сектор и обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.
Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор над безбедносните служби, велат пратениците.
Изградбата на заштитениот работен простор во Собранието е на барање на НАТО и е од посебна важност за пристапните преговори со ЕУ.
Освен за Собранието и комисиите, „глувата соба“ доколку имаат потреба ќе можат да ја користат и други државни органи, по одобрување од законодавниот дом.
Овој проект е конечно завршен по седум години, со помош на меѓународните партнери како со финансиска така и со правна помош и размена на искуства.
Марина Стојанова – Тонева
