Русија напаѓа, САД најави нова помош за Киев
Експлозија на дрон предизвика привремен пожар во хемиска фабрика во руската област Тамбов...

Русија лансираше голем број јуришни беспилотни летала низ Украина. Повредени цивили во напад врз Суми. Експлозија на дрон предизвика привремен пожар во хемиска фабрика во руската област Тамбов. Во пресрет на тешката зима и жестоката руска офанзива долж источниот фронт, Пентагон најави нов пакет воена помош за Киев од 400 милиони долари.
„Она што е важно е начинот на кој Украина возвраќа. Затоа мораме да продолжиме да се соочуваме со сеништето на агресивна Русија, поддржана од други автократи од Северна Кореја и Иран. Ако Украина падне под чизмата на Путин, цела Европа ќе падне под сенката на Путин“, изјави Лојд Остин, секретар за одбрана на САД.
Зеленски повика на решителни акции од сојузниците.
„Потребни ни се решителни акции од нашите партнери, особено во светлината на извештаите за новата улога на Северна Кореја во поддршката на Русија. Очигледно е дека Путин се плаши од мир, поради што бара начини да ја ескалира агресијата“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
ЕУ размислува за нов пакет санкции кон Русија додека во Казан почнува самитот на БРИКС кој според Путин веќе игра значајна улога во глобалната економија.
