Куба
Во Куба жртви по ураганот „Оскар“
22.10.2024 08:15
Кубанскиот претседател Дијаз-Канел, изјави дека спасувачките акции во поплавените области се во тек и сè уште се прават проценки на штетите...

Најмалку 6 лица загинаа во тропската бура „Оскар“ која помина низ источна Куба како ураган од прва категорија носејќи обилни дождови и силни ветрови во време кога островот се соочува со неколкудневни масовни прекини во електричната мрежа.
Кубанскиот претседател Дијаз-Канел, изјави дека спасувачките акции во поплавените области се во тек и сè уште се прават проценки на штетите.
