Русија

Дводневен самит на БРИКС во Казан

22.10.2024 09:27

Во пресрет на форумот, Путин најави дека една од главните цели на состанокот ќе биде унапредување на финансиската соработка и обезбедување алтернатива на системот СВИФТ...

Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на дводневниот самит на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. На форумот ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг.

Во пресрет на форумот, Путин најави дека една од главните цели на состанокот ќе биде унапредување на финансиската соработка и обезбедување алтернатива на системот СВИФТ, со кој се вршат меѓународни банкарски плаќања. Многу руски банки беа исклучени од него по инвазијата на Украина. На агендата на БРИКС е и основањето на заедничка банка.

На оригиналните членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – неодамна им се приклучија земји како што се Обединетите Арапски Емирати, Египет, Етиопија и Иран. Статусот на Саудиска Арабија сѐ уште е нејасен.