Работнички и МЗТ Скопје заработија казни за инцидентите на дербито во „Кале“
Суспензии и парични казни на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром им изрече денеска македонската кошаркарска Федерација (КФСМ) ...

Суспензии и парични казни на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром им изрече денеска македонската кошаркарска Федерација (КФСМ) инцидентот што се случи за време на саботното градско прволигашко дерби во СРЦ „Кале“.
Поради слаба организација, прекин на натпреварот и влез на навивачи со пиротехнички средства и нивно користење за време на натпреварот, Работнички е казнет со вкупна глоба од 68.000 денари, и е суспендиран два натпревари без публика на домашен терен.
На актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром му е изречена парична казна од 64.000 денари поради фрлање предмети на теренот, користење пиротехнички средства и прекин а натпреварот.
