Изложба

Заедничката изложба на Симонида Филипова Китановска и Ари де Гоеш во КИЦ

22.10.2024 10:49

Заедничката изложба на Симонида и Ари де Гоеш е фузија на многугодишните искуства и посветеноста кон уметноста на двајца артисти, претставена во форма на уникатен дијалог помеѓу нивните рафинирани техники и емотивни изрази...

Во Културно-информативен центар (КИЦ) – Скопје денеска, во 20 часот, ќе биде отворена „Водени предели: Импресии од патувања и култури“, која содржи акварели од Симонида Филипова Китановска и Ари де Гоеш. Изложбата ќе може да се посети до 4 ноември оваа година.

Заедничката изложба на Симонида и Ари де Гоеш е фузија на многугодишните искуства и посветеноста кон уметноста на двајца артисти, претставена во форма на уникатен дијалог помеѓу нивните рафинирани техники и емотивни изрази.

Акварелната техника е средство со кое овие визуелни уметници, и неуморни патници, ја доловуваат флуидноста и постојаната трансформација на пејзажите со кои се сретнале и на влијанијата од културите што ги апсорбирале на секое едно место при своите патувања.