МНР
Претседателот на ФФМ, Сејдини остана без дипломатски пасош
22.10.2024 11:52
Од Министерството напоменуваат дека од стапување во функција на новата Влада, до денес повлечени се вкупно 230 дипломатски патни исправи.

Дипломатската патна исправа на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини е повлечена од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пренесува МИА.
Од Министерството напоменуваат дека од стапување во функција на новата Влада, до денес повлечени се вкупно 230 дипломатски патни исправи.
Дел од наведените патни исправи биле дадени врз основа на дискреционо право на претходниот министер, а дел се однесуваат на поранешени функционери на кои им престанале мандатот и правото за поседување дипломатска патна исправа.
