Циркуларна економија за одржлив развој
При сè поголем притисок врз природните ресурси, циркуларната економија е иновативен пристап кон одржливиот развој. Земјава има голем напредок кон неопходното законодавство за да се овозможи транзиција, но потребна уште многу работа...

Преговори со Царина за намалување на царинењето на отпадот, даночни олеснувања на инвестициите во циркуларната економија и создавање легислатива за регионална соработка во доменот на отпадот, се приоритетите на Министерството за економија кои се однесуваат на циркуларната економија а која подразбира намалување на отпадот и штетните емисии во воздухот. Секоја инвестиција е ризик, а инвестициите во циркуларната економија не секогаш се профитабилни за компаниите, но се вистинскиот избор-вели Блерим Златку од ресорното министерство.
