Продолжуваат протестите во Тајланд
Антивладините демонстранти во Тајланд ја исклучија електричната енергија во кабинетот на премиерката Шинаватра. Таа во понеделникот го распушти Долниот дом на Парламентот и закажа предвремени избори за 2 февруари во обид да стави крај на повеќенеделните немири во кои загинаа пет лица, а повеќе од 300 беа повредени. И покрај тоа протестите продолжија, а истиот ден на улиците на Бангкок излегоа околу 150 000 гневни граѓани барајќи премиерката да ја напушти земјата.

„Сакаме ситуацијата да се реши со разговор. Мора отворено да зборуваме за ова што се случува, но и за се што ни треба“. - граѓанин
Причина за протестите е општото уверување дека Шинаватра е само марионета на нејзиниот брат, кој беше соборен од власта во 2006-тата поради обвиненија за корупција и злоупотреба на положбата.
За првпат во својата историја, руската рубља доби симбол. Граѓаните го избраа симболот на кирилската буква „р“ со две хоризонтални црти, иако многумина забележуваат дека буквата повеќе личи на латинската буква „п“. Првата кованица со новиот симбол ќе се појави наредната година, а во финансискиот промет новиот симбол веќе ја замени досегашното кирилско „р“. Идејата за создавање симбол за рубљата за да им конкурира на знаците за доларот, еврото и фунтата се појави во 1990-тите години. Симболот ќе се појави и на компјутерската тастатура.
Врховниот суд на Австралија едногласно ги забрани истополовите бракови, само неколку дена откако беше склучена првата брачна заедница меѓу партнери од ист пол во Камбера, со образложение дека законот не вреди да се признае. На одлуката на Врховниот суд се спротистави сојузната влада која тврди дека бракот во Австралија се регулира со федералниот закон, а не со законот на шест држави и две територии кои ја сочинуваат земјата.
На меѓународната вселенска станица се појавил дефект на пумпата за ладење, и засега нема опасност за шестчлениот екипаж. Од безбедносни причини, екипажот ги исклучил помалите оперативни системи за да се намали потрошувачката на електрична енергија. НАСА ги истражува причините за проблемот и додаде дека проблемот може да стане сериозен, но дека во моментот состојбата е добра.
Марина Автовска