Отворен Ургентниот центар во ГОБ „8-ми Септември“
Завршија реконструкцијата и доградбата со над 900 квадратни метри за потребите на Ургентниот центар...

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ е отворен новиот Ургентен центар. Завршија реконструкцијата и доградбата со над 900 квадратни метри за потребите на Ургентниот центар, кој сега опфаќа три приемни амбуланти, машинска сала, електро соба, како и 4 болнички соби за дневна болница, ладна соба со 9 кревети и гипс сала.
Изведен е и комплетно нов систем за климатизација и вентилација, кој целосно соодветствува на светските стандарди за енергетска ефикасност.
Направени се две нови операциони сали, како и сала за реанимација, со средства во износ од 480 илјади долари, донирани од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
