Македонија

Посетителка на скопската Зоолошка градина побарала да биде тестирана за птичји грип

22.10.2024 16:12

Зоолошката градина останува затворена, но остануваат и недореченостите меѓу одговорните лица, менаџментот, синдикатите и властите. Покрај целиот вртлог, лекарите се обидуваат да бидат гласни, смирувајќи ја паниката дека птичјиот грип не се пренесува лесно меѓу луѓето…

Посетителка на Зоолошката градина, со упат од матичен лекар побарала од Институтот за јавно здравје да се тестира за птичји грип. Директорката Марија Андоновска вели дека е очекувано луѓето да бидат вознемирени и во следниот период да има повеќе граѓани кои ќе побараат да бидат тестирани за овој вирус. Сепак, очекува резултатот да биде негативен.

И епидемиолозите смируваат. Да не се шири паника меѓу граѓаните.

Пред Зоолошката градина немо стои табла со известување која сведочи дека една од најпосетените институции во земјава е под клуч.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделкоски вели дека вработените во Зоолошката градина поради политички пресметки се предмет на јавен линч од страна на јавноста. Го демантираат соопштението за јавноста поставено на социјална мрежа.

Во мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се сменија четири директори на Зоолошката градина, а таа е постојано цел на критики од јавноста поради поморот на животни.

Александра Спировска