Македонија

Врие во Обвинителството, Хајрулахи го повика на медиумско соочување Коцевски

22.10.2024 14:55

Одлуката за бонусите за СЈО остана во сенка на меѓусебните обвинувања на првите луѓе на Републичкото и Вишото обвинителство, Коцевски и Хајрулахи. Шефот на Вишото обвинителство во име на вистината како што рече за МТВ, го повика на медиумско соочување Коцевски...

Врие во Обвинителството. Одлуката за бонусите за СЈО остана во сенка на меѓусебните обвинувања на првите луѓе на Републичкото и Вишото обвинителство, Коцевски и Хајрулахи. Шефот на Вишото обвинителство во име на вистината како што рече за МТВ, го повика на медиумско соочување Коцевски. Хајрулахи смета дека контролите се само изговор на Коцевски исто како и тврдењата за политички притисоци за негово менување. Единствено важно сега е на јавноста да и ја кажеме вистината, додаде за МТВ вишиот обвинител Хајрулахи.

На повикот на Хајрулахи, обвинителот Коцевски одговори дека вистината ќе ја докажува преку законска постапка.

„Сите сознанија за работата на пониски јавни обвинители ќе ги расчисти и вистината ќе ја докаже во соодветна законска постапкаПо завршување на постапките, јавноста ќе биде информирана онака како што налага законот“, вели за МТВ Љупчо Коцевски, републички обвинител.

Коцевски посочува дека наскоро ќе биде изготвен извештајот од надзорот во врска со поплаките за закани на вработените од вишиот обвинител. Претходно тој тврдеше дека врз него се врши политички притисок за да се повлече. Демантирајќи дека давал инструкции како да се одлучи по жалба. Ова следуваше откако шефот на вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи и обвинителот Јован Цветановски рекоа дека минатиот месец Коцевски им порачал да внимаваат каква одлука ќе донесат за предметот со бонусите на СЈО, по што е направена контрола врз работата на обвинителите.

 

Фиљана Кока