Македонија

Антикорупциска отвори предмет за назначувањето на новиот директор на АНБ

22.10.2024 15:03

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, потврди дека до нив стигнала ваква претставка и дека по неа е оформен предмет. Станува збор за наводи за непочитување на условите што ги бара Законот за именување на директор на АНБ.

Антикорупциска, по анонимна претставка отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Се оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба. Владата го назначи Христовски за нов директор минатата недела.

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, потврди дека до нив стигнала ваква претставка и дека по неа е оформен предмет. Станува збор за наводи за непочитување на условите што ги бара Законот за именување на директор на АНБ.

Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика многу реакции во јавноста, бидејќи тој до неодамна беше член на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Градскиот комитет на партијата во Скопје.

Од Владата, но и самиот Христовски, изјавија дека тој ја завршил својата партиско-политичка кариера со тоа што лани во декември се повлекол од членство во партијата и дека Законот за АНБ не е прекршен во неговиот случај.