Анкета на две недели пред изборите во САД: Харис 46% – Трамп 43%
Речиси 80 насто од американските гласачи се сигурни дека ќе гласаат на претседателските изборите на петти ноември...

Речиси 80 насто од американските гласачи се сигурни дека ќе гласаат на претседателските изборите на петти ноември.
Последната анкета на Ројтерс/Ипсос прогнозира предност на кандидатката на демократите, Харис од 46 насто, наспроти републиканецот Трамп кој ужива поддршка од 43 проценти.
Кандидатите за шеф на Белата Куќа ја продолжија предизборната реторика.
„Постои голема разлика помеѓу мене и Доналд Трамп за голем број прашања. Апсолутно верувам дека мора да ја зголемиме минималната плата и дека вредните Американци, без разлика каде работат да можат да се грижат за своето семејство и да се грижат за себе. Доналд Трамп е непријателски настроен кон целиот поим и важност на социјалното осигурување. Повторно, ако се погледне од минимална плата до социјално осигурување, Доналд Трамп очигледно не ги разбира потребите на работниците“, изјави Камала Харис, кандидат за претседател на демократите.
„Туку што дојдов од Северна Каролина, каде што бев сведок на страшното уништување на ураганот Хелен. Кога ќе бидам претседател, Северна Каролина ќе ја добие поддршката што ви треба и ја заслужувате, бидејќи не ја добивте соодветната поддршка од оваа администрација. Тие ги потрошија своите пари на илегални мигранти. Тие ги потрошија своите пари и не им останаа пари за Северна Каролина. Ако сакате да ставите крај на оваа катастрофа, мора да излезете и да гласате“, изјави Доналд Трамп, кандидат за претседател на републиканците.
