Здравство

Таравари очекува менаџментот на „Козле“ да преземе мерки по случајот со смртта на 14-месечното бебе

22.10.2024 15:59

Тој до Лекарската комора ќе достави решение со препораки, за пропустите кои биле направени при лекувањето на детето, а ги утврди комисијата за стручен надзор.

За случајот со 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника, министерот за здравство Таравари очекува менаџментот на клиниката за респираторни заболувања „Козле“ да преземе одредени мерки, како што тоа го направи директорот на Детската клиника.

Тој до Лекарската комора ќе достави решение со препораки, за пропустите кои биле направени при лекувањето на детето, а ги утврди комисијата за стручен надзор.

За случајот со смртта на 14-месечното бебе директорот на Детската клиника, времено од работа отстрани двајца доктори специјалисти, за кои се води и дисциплинска постапка.

Детето почина на 5-ти октомври од опструктивна бронхопневмонија, откако во многу тешка здравствена состојба било донесено од „Козле“ на детската клиника.