МВР
Во четврток посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Фон дер Лајен
22.10.2024 21:00
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници...

Поради посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во четврток Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од СВР Скопје.
Оттаму апелираат, граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
