Премиерот Мицкоски ја заврши својата дипломатска мисија во Австрија
Македонската делегација предводена од премиерот Мицкоски ја заврши посетата на Салзбург и Виена. Во фокусот на разговорите со австрискиот претседател Ван дер Белен и со шефот на дипломатијата Шаленберг – планот за деблокада на евроинтеграциите. Македонската владина делегација посетата на Австрија ќе ја заокружи со учество во австриската дипломатска академија.

Предизвиците со македонските евроинтеграции, компромисите и отстапките во минатото, претставени пред европските дипломати и австриските политичари.
Премиерот Мицкоски ја заврши посетата на Салзбург и Виена. Во разговорите со австрискиот претседател Ван дер Белен и со шефот на дипломатијата Шаленберг, Мицкоски го презентирал планот за деблокада на евроинтеграциите преку предлогот за одложено дејство на уставните измени, што би значело исполнување на условот од преговарачката рамка, но истовремено и гаранција дека нема да има нови условувања.
Посетата на Австрија, македонската владина делегација ќе ја заокружи со учество во австриската дипломатска академија на којашто, меѓу останатото, ќе стане збор и за предизвиците со коишто се соочува земјава, а ќе се понуди и решение за иднината.
Анита Димитријевска – Велковска
