Велес: Се гради водоснабдителен систем во село Црквино
Општина Велес започна со изградба на водоснабдителен систем во селото Црквино. Цевководот ќе биде долг околу три километри. Поради конфигурацијата на теренот, водоснабдувањето ќе се подели во висока и ниска зона. Водата до селото ќе стигнува од изворот до собирниот резервозар и препумпна станица. Вкупната инвестиција е околу 100 илјади евра...

За помалку од една година семејните хидрофори во велешкото село Црквино треба да заминат во историјата. Општината гради водоводен систем. Така трајно ќе се реши проблемот на околу 400 жители.
„Имаме овдека во селото чешми природни, некој имаат бушотини но таа вода не е за пиење“.
„Имаме бушотини ама таа вода не е за пиење, не е бактериолошки исправна, среќа што никој не се разболел“, велат жителите на село Црквино.
Околу 100 илјади евра ќе чини целата градежна инветиција. Парите се обезбедени преку владиниот проект за водоснабдување и одведување отпадни води во рурални средини.
„Овој проблем мора да биде решен во наредниот период за да може да решаваме и други инфраструктурни проблеми“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
„Ова село е едно од ретките во кој работите се постаени правилно. Тука веќе има канализација ,а сега ќе се намести и одовод ,што не е чест случај“, изјави Љупчо Ѓорѓиев, Изгрев инженеринг, изведувач на градежните работи.
Цевководот во селото Црквино ќе биде долг околу три километри. Поради конфигурацијата на теренот, водоснабдувањето ќе се подели во висока и ниска зона.
Дијана Иванова
