Ден на македонската револуционерна борба
На свечената академија под слоганот „Завет кој обврзува“, обраќање ќе има премиерот Мицкоски. Претходно, владина делегација и делегација од Собранието ќе положат свежи цвеќиња пред споменикот на основачите на ВМРО, во паркот „Жена борец“ во Скопје...

Денеска го одбележуваме Денот на македонската револуционерна борба. На свечената академија под слоганот „Завет кој обврзува“, обраќање ќе има премиерот Мицкоски. Претходно, владина делегација и делегација од Собранието ќе положат свежи цвеќиња пред споменикот на основачите на ВМРО, во паркот „Жена борец“ во Скопје.
На 23-ти октомври 1893 година во Солун била основана Внатрешно Македонско-одринска Револуционерна Организација, со цел извојување автономија на Македонија со борба. Врвна точка на дејноста е организирањето на Илинденското востание во 1903 година.
Основите на организацијата се поставени во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, а на основачкиот состанок присуствуваат Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.
