КУБА

Хавана е делумно осветлена

23.10.2024 08:44

Властите соопштија дека околу 80 насто од Хавана има наизменична струја, но луѓето и понатаму се стравуваат од нови прекини...

Главниот град на Куба е делумно осветлен, откако големиот прекин на електричната енергија предизвика револт кај граѓаните и протести. Властите соопштија дека околу 80 насто од Хавана има наизменична струја, но луѓето и понатаму се стравуваат од нови прекини.

Земјата се соочи со големо невреме кое ја оптерети лошата енергетска инфраструктура. Најмалку шест лица загинаа откако тропскиот циклон „Оскар“ удри во источна Куба како ураган изминатиот викенд.