Македонија

Во Општина Босилово се собираше текстилниот отпад

23.10.2024 13:01

Место на депонија текстилниот отпад може да се реупотреби. Затоа е потребна соодветна стратегија како да се постапува со овој вид отпад. Ваква порака упатија од Општина Босилово каде голем број граѓани го изнесоа овој отпад. Во земјава на годишно ниво 10 илјади тони годишно текстил завршува на депониите …

Зимбаков од Босилово донесе најмалку 20 тина килограми текстилен отпад и 100-тина парчиња облека кои му стоеле во семејните плакари а може да се употребат. Смета дека ако текстилот се носи на депонија тој ќе се запали и тоа не е добро за животната средина.

Околу 3 тони текстилен отпад се собра во Општина Босилово. Најголемиот дел од алиштата добро спакувани ќе бидат доделени на Црвниот крст Струмица.

Околу 10 илјади тони текстилен отпад во земјава завршува на депонии сметаат од колективниот постапувач.

Локалната депонија кај Босилово честопати гори а една од причините е фрлањето текстилен заедно со комуналниот отпад.

 

Ване Трајков