Формула 1

Росберг атакува на домашното гран-при

18.07.2014 14:15

Средина на сезоната, 2 трки до летниот одмор, а состојбите во Ф1 карванот не се менуваат. Ниту забраната за користење на ФРИЦ сисиемот за потпирање на болидите барем според слободните тренинзи во пресрет на 10-тата трка во сезоната за големата награда на Германија не донеасоа промена во поредокот.Нико Росберг  и Луис Хамилтон одново ја потврдија доминацијата на Мерцедес на домашната патека.

Средина на сезоната, 2 трки до летниот одмор, а состојбите во Ф1 карванот не се менуваат. Ниту забраната за користење на ФРИЦ сисиемот за потпирање на болидите барем според слободните тренинзи во пресрет на 10-тата трка во сезоната за големата награда на Германија не донеасоа промена во поредокот.Нико Росберг  и Луис Хамилтон одново ја потврдија доминацијата на Мерцедес на домашната патека. Алонсо по првиот тренинг беше трет со задоволителни 3 десетинки зад Розберг, додека двоецот на Ред Бул, Рикардо - Фетел и меѓу нив Магнусен беа во 1 секунда со водечките.

Резултати што одат во прилог на најавите дека и на патеката Хокенхајм победникот ќе се решава меѓу возачите  во болидите на Мерцедес особено откако ривалитетот доби на интензитет по изјавата на Хамилтон дака Росберг не е германец, па германското гран-при не може да биде негова домашна трка. Врати Нико дека и Силверстон може да биде се, само не домашна трка за Луис, па за очекување е битката со зборови да ја префрлат на патеката.Подобриот од нив ќе го преземе и водството  во генералниот поредок каде што засега води Росберг со 4 поени повеќе во однос на Хамилтон и дури 67 пред третопласираниот Рикардо.

Досега само тројца германци победиле на германското гран-при: браќата Шумахер и Фетел,а пол позицијата се покажала доста значајна. По редизајнирањето на патеката во 2002-та  на досегаодржаните 8 трки , пет пати славеле возачите што биле на пол позицијата, два пати тие до нив, а само еднаш Алонсо во 2005-тата од третата позиција на стартот.

Битката за пол е утре од 14 часот, а за победа в  недела во истиот термин со преноси на првиот програмски сервис на МРТ.