САД

Харис: Земјата е подготвена за жена претседател

23.10.2024 11:15

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави Камала Харис рече дека нејзиниот тим е подготвен да го предизвика Доналд Трамп доколку се обиде предвреме да прогласи победа на изборите во 2024 година...

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави Камала Харис рече дека нејзиниот тим е подготвен да го предизвика Доналд Трамп доколку се обиде предвреме да прогласи победа на изборите во 2024 година. Но истакна дека најпрво е фокусирана да го победи републиканскиот кандидат. Трамп е кривично обвинет за обид за поништување на изборите во 2020 година и одбива да признае дека изгубил од претседателот Бајден. По неуспешниот правен напор да се поништат резултатите, толпа приврзаници на Трамп се бунтуваше во Капитолот на САД на 6-ти јануари 2021 година,

„Апсолутно мислам дека земјата е подготвена за жена со боја да бидат претседател. Моите планови и политики се насочени кон тоа да го направиме она што мораме за да ги намалиме трошоците за живот, и да им помогнеме на луѓето да напредуваат. Моите планови се фокусирани на работниците и средната класа. Плановите на Трамп се за намалување на даноците, огромни даноци кратења на милијардерите и големите корпорации“, изјави Камала Харис.