Стопанството има недостиг од стручен кадар
Битолското стопанство веќе од поодамна кубури со стручен работен кадар. Оние кои немаат стручност, со личниот доход тешко можат да ја наполнат синдикалната кошница. Иселеничкиот бран на младите го направи своето велат од Регионалната стопанска комора. Бараат соодветни реформи. Некои невладини и членките на Универзитетот со агенди за дообуки за струките кои се провокативни за младите и добро се заработува...

Во Битола „живот се живее, се јади и пие“ остана само бледо еко вели Васо Радивојевиќ кој целиот работен век го помина како лекар примариус, а пензијата му е колку просечна плата.
Со една просечна или две минимални плати тешко се врви месецот став и на дел од сограѓаните.
За компаниите каде добро се заработува немаме доволно стручен кадар. Иселеничките бранови направија сериозен дефицит во многу струки велат од Регионалната стопанска комора. Сметаат дека потребни се државни програми и мерки.
Некои невладини и единиците на Универзитетот со активности преку дообука на младите да се намали исцелувачкиот тренд, но и доближи популарноста на некои професии.
Одредени резултати има, но не се ефективни како некогашната вообичаена селекција.
Во прилог на констатациите оди и статистиката. Вкупниот број на невработени изнесува околу 3.600 лица. Ќе остане ли и понатаму Битола да биде град на пензионери и затворени дуќани.
Стевче Митревски
