Откриен идентитетот на убиениот во Велес

18.07.2014 14:25

Полицијата го откри идентитетот на починатиот чие тело облеано во крв вчера доцна попладне беше пронајдено од случајни минувачи во дворот на гимназијата и хемиското училиште во Велес. Станува збор за деведесет годишниот Јован Цилаков.

Од МВР откриваат дека кај починатиот старец биле констатирани видливи повреди во пределот на главата. Сеуште нема информација за причината на смртта. Одговорот треба да го дадат стручните лица од судска медицина.

Извештајот, велат од полицијата, е неопходен за комплетирање на целокупната истрага за немилиот настан.