За убавините на Македонија се слуша во далечниот Тунис
Празниците се и можност да се отпатува на кратко на некоја подалечна егзотична дестинација особено во есен и зима кога е сè поголем интересот поради тоа што таму е топло и убаво. Според дел од сопствениците на туристичките агенции изборот за одмор во овој период се должи и на намалените цени на аранжманите во овие месеци. Особено е пријатно кога среде некоја од нив како што е Тунис ќе наидете на нашинец кој својата слаткарница ја именувал со радост ги пречекува сонародници, а на Тунижаните и другите со гордост им раскажува за својата земја...

Дубаи, Малдиви, Сејшели, Египет, Тунис и уште многу други егзотични дестинации сè почесто се во изборот за одмор во есен или зима. Се посетуваат заради топлото и пријатно време како и поевтините аранжмани, а најчесто се патува и за празниците. Тврдат дел од сопствениците на туристичките агенции
Кога една средба со наш сонародник, во една од овие земји, како Тунис, ќе ви ги затопли срцата знаете дека љубовта спрема родината е единствена нераскинлива врска. Во строгиот центар на главниот град Тунис, вели судбината го донела и тој ја отворил слаткарницата „Слатка Македонија“. Не пречека со радост како што искрено го пречекува секој дојден од Македонија.
Дури и вкусовите на сладолед, кои ги нуди се наши македонски, вели Селими.
Селими го оставивме со надеж дека за скоро ќе дојдат некои други наши луѓе со кои ќе може да си поразговара како да е среде Гостивар каде е роден и каде се сите негови роднини. Не увери дека ќе стори се само што поскоро да се врати во својата земја и во неа да го продолжи својот бизнис.
Фиљана Кока
