Блиски Исток

Израелците го нападнаа либанскиот град Тир

23.10.2024 13:17

Жртви и повредени во борбите во јужен и источен Либан. Во Бејрут погодени локации за складирање на оружје. За првпат израелската армија изврши напад и во центарот на Тир...

Жртви и повредени во борбите во јужен и источен Либан. Во Бејрут погодени локации за складирање на оружје. За првпат израелската армија изврши напад и во центарот на Тир.

Предупредувачки сирени активирани над Тел Авив, откако ракети со долг дострел беа истрелани од Либан. Продолжуваат борбите и во Газа.

Израел објави дека е ликвидиран Хашем Сефиедин, што требаше да го замени Хасан Насрала на чело на Хезболах. Американскиот државен секретар Блинкен по средбите со израелските власти вели дека е важно да се стави крај на војната, особено по смртта на лидерот на Хамас, Синвар.