САД

Штабот на Трамп ги обвини британските лабуристи за „мешање“ во изборите

23.10.2024 13:19

Изборниот штаб на Доналд Трамп ја обвини Лабуристичката партија на британскиот премиер Кир Стармер за странско мешање во претседателските избори во САД...

Изборниот штаб на Доналд Трамп ја обвини Лабуристичката партија на британскиот премиер Кир Стармер за странско мешање во претседателските избори во САД.

Реакцијата следува откако волонтери од редовите на лабуристите отпатуваа во САД за да помогнат во кампањата за Камала Харис. Стармер вели дека волонтери од неговата партија патуваат во САД речиси за сите изборни циклуси.

Левичарската Лабуристичка партија, која ги гледа американските демократи како своја сестринска партија, во Велика Британија дојде на власт во јули.