САД

Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД

23.10.2024 15:28

Најмалку едно лице почина, а 50-тина се разболеле поради труење со бактеријата ешерихија коли по посета на „Мекдоналдс“...

Најмалку едно лице почина, а 50-тина се разболеле поради труење со бактеријата ешерихија коли по посета на „Мекдоналдс“. Случаите се пријавени во 10 американски сојузни држави, најголемиот дел во Колорадо и Небраска.

Десетмина се хоспитализирани, меѓу нив и дете, кај кои инфекцијата предизвикала сериозни компликации. Синџирот ресторани за брза храна се сомнева на кромидот, здравствените власти покренаа истрага.