Условни казни за учесници во протестите во Тетово
Во основниот суд во Tетово се одржа главен претрес против десетмина обвинети за кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие.
По претресот за сите обвинети е донесена неправосилна пресуда со која се огласени за виновни и е изречена алтернативна мерка условна казна од две и пол години. На двајца од нив и натаму ќе им се суди и за напад на службено лице при вршење работи на безбедност. На нив, во условната казна им е пресметано и времето поминато во притвор, кој им е укинат.

Двајцата понатаму ќе се бранат од слобода, бидејќи судскиот процес против нив сеуште трае. Против изречената пресуда обвинетите имаат право на жалба во законскиот рок, стои во соопштението од тетовскиот основен суд.
Зоран Јованоски