Неутрализирани напаѓачите во Турција, се работи за жена и маж
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека во денешниот терористички напад врз комплексот на турската воздухопловна индустрија во главниот град Анкара загинале четири лица, а 14 се ранети...

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека во денешниот терористички напад врз комплексот на турската воздухопловна индустрија во главниот град Анкара загинале четири лица, а 14 се ранети.
Тој потврди и дека се неутрализирани двајца терористи.
Јерликаја го посети местото на нападот и им изјави на новинарите дека нападот се случил во 15:26 часот по локално време.
Тој изјави дека безбедносните сили веднаш пристигнале на местото на нападот.
„Неутрализирани се двајца терористи, жена и маж. За жал, имаме четворица мртви и 14 ранети. Меѓу ранетите, тројца се во тешка состојба“, изјави турскиот министер.
Истакнувајќи дека го осудува тероризмот, Јерликаја изрази сочувство до турскиот народ и на ранетите им посака брзо закрепнување.
