Хроника

Пронајдено безживотното тело на стружанецот по кој се трагаше два дена

23.10.2024 20:22

Акцијата за пронаоѓање на жител од Струга (60) кој беше пријавен исчезнат од 9 октомври, заврши трагично...

Акцијата за пронаоѓање на жител од Струга (60) кој беше пријавен исчезнат од 9 октомври, заврши трагично.

„Исчезнатото лице најдено е мртво во близина на браната Глобочица. На телото не се пронајдени траги на насилство“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за смртта на исчезнатото лице.