Илир Мета останува во затворски притвор
Специјалниот суд за корупција и организиран криминал одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и актуелен лидер на Партијата на слободата...

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и актуелен лидер на Партијата на слободата.
Тој е префрлен во затворот „313“, кој се смета за затвор со висока безбедност.
За неговата сопруга, Моника Круемади, Судот одлучи да ја остави во сила мерката „обврска за јавување“, како и за Ема Чоку а на Пиро Џиџо, мерката е сменета, од домашен притвор во „обврска за јавување“.
По барање на СПАК, Мета беше уапсен пред два дена, под обвинение за корупција, перење пари и прикривање имот. Истото обвинение е и за Круемади, но според образложението „кревко здравје поради неколку оперативни зафати“ таа доби мерка „обврска за јавување“.
