Свет

Хезболах потврди дека високиот лидер Хашем Сафедин е убиен

23.10.2024 20:43

Либанската група Хезболах денеска потврди дека нејзиниот висок лидер Хашем Сафиедин бил убиен во израелски воздушен напад во јужен Бејрут пред речиси три недели...

Либанската група Хезболах денеска потврди дека нејзиниот висок лидер Хашем Сафиедин бил убиен во израелски воздушен напад во јужен Бејрут пред речиси три недели.

Сафиедин, кој беше шеф на највисокото политичко тело за одлучување на Хезболах, Извршниот совет, се очекуваше да биде избран за следен водач на групата по смртта на генералниот секретар Хасан Насрала во израелски воздушен напад минатиот месец.

Хезболах го опиша Сафиедин како посветен водач во групата. Тие ветија дека ќе го продолжат „патот на отпорот“ додека не ги постигнат своите цели за „слобода и победа“.