Македонија

Фон дер Лајен во посета на земјава, ќе оствари средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски

24.10.2024 07:56

Ќе има средби со претседателката Сиљановска-Давкова и со премиерот Мицкоски со кого ќе имаат и заедничка прес-конференција. Предвидена е и билатерална средба помеѓу делегациите. Шефицата на Европската комисија четиридневната турнеја на Западен Балкан ја почна во Албанија...

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во посета на Македонија, во рамките на четиридневната турнеја на Западен Балкан. Ќе има средби со претседателката Сиљановска Давкова и со премиерот Мицкоски со кого ќе имаат и заедничка прес-конференција.

Предвидена е и билатерална средба помеѓу делегациите. Шефицата на Европската комисија турнејата ја почна во Албанија, по Македонија ќе ги посети и Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.

Од Албанија Фон дер Лајен порача-земјите членки сакаат да видат резултати а, проширувањето на Унијата дека и е приоритет во нејзиниот втор мандат.