Израел изврши напади во Сирија и Либан
Како одговор на ракетирањето на Хезболах во централен Израел, Тел Авив возврати со досега најжесток удар врз Бејрут. Мета на нападите-либанска телевизија тесно поврзана со Хезболах...

Сириските државни медиуми јавуваат за израелски напади врз станбена зграда во Дамаск и воена локација во близина на Хомс. Еден војник загина, а неколкумина се ранети. Од ООН со предупредувања.
„Регионалното прелевање во Сирија е алармантно и може да се влоши, со сериозни импликации за земјата и за меѓународниот мир и безбедност“, изјави Геир О. Педерсен - специјален пратеник за Сирија на ОН.
Како одговор на ракетирањето на Хезболах во централен Израел, Тел Авив возврати со досега најжесток удар врз Бејрут. Мета на нападите-либанска телевизија тесно поврзана со Хезболах. Погодена е и станбена зграда. Хезболах, пак, тврди дека успешно погодиле воена фабрика близу Тел Авив. Државниот секретар Блинкен ја продолжува турнејата во Катар во надеж за постигнување примирје во Газа додека продолжува офанзивата во енклавата.
