Украина

Русија спречи нов упад во Курск

24.10.2024 08:24

Руската гарда тврдат дека спречиле инвазија на диверзанти во областа Курск додека судирите на фронтот продолжија. Се води битка за Часов Јар...

Специјалните сили на руската гарда тврдат дека спречиле инвазија на диверзанти во областа Курск додека судирите на фронтот продолжија. Се води битка за Часов Јар. Брисел даде зелено светло за исплата на заемот на Киев од 35 милијарди евра од руските замрзнати средства.

На последниот ден од самитот на БРИКС, најавена средба на генералниот секретар на ОН Гутереш со рускиот претседател Путин, прва по инвазијата на Москва во Украина во 2022 година.

Претходно на самитот усвоена декларација во која е вметнат и ставот за украинското прашање.