Турција

Одмазднички напади врз ПКК во Сирија и Иран

24.10.2024 08:29

Турција нападна цели на курдската милитантна група ПКК во Ирак и Сирија откако ги обвини за терористичкиот напад во Анкара...

Турција нападна цели на курдската милитантна група ПКК во Ирак и Сирија откако ги обвини за терористичкиот напад во Анкара – соопшти турското Министерство за одбрана. 

Вкупно 32 локации на терористите биле успешно уништени.

Турските власти го вперија прстот кон Работничка партија на Курдистан за извршување на нападот врз комплексот на турската воздухопловна индустрија во која загинаа пет лица, а 14 беа ранети – но ниту ПКК, ниту која било друга група, досега не ја презеде одговорноста.