Португалија

Нови насилни протести во Лисабон

24.10.2024 08:34

Уапсени се три лица, а неколкумина повредени меѓу кои и двајца полицајци. Уништени возила, украдени и запалени автобуси и контејнери...

Португалските власти ги расчистуваат улиците на Лисабон по новите насилни протести. Уапсени се три лица, а неколкумина повредени меѓу кои и двајца полицајци. Уништени возила, украдени и запалени автобуси и контејнери, премиерот Монтенегро најави заострување на мерките за ограничување на бранот насилства.

„Ги мобилизирани сите наши безбедносни сили и служби за да го спречиме насилството. Луѓето можат да го искажат својот револт слободно со јавни барања, но не и да палат автомобили или автобуси. Ова не е прифатливо, мора да се почитуваме едни со други“, изјави Луис Монтенегро – премиер на Португалија.

Немирите започнаа откако 43-годишен црнец беше застрелан од полицијата за време на неговото апсење. Наводно имал нож со него и се обидел да побегне од полицијата. Случајот сè уште се истражува.