Вонредна седница на групата „Кобра“ за соборениот малезиски Боинг
18.07.2014 15:10
Во овој тежок инцидент за кој меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва, загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Меѓу загинатите, досега се најдени телата и на деветмина Британци...

Британскиот премиер Дејвид Камерон раководеше со денешната седница на специјалната група „Кобра“ за вонредни ситуации, на која се расправаше за најновата ситуација во Украина и околу неа, по падот на патничкиот авион на „Малезија Ерланс“ во југоисточна Украина, за кој се верува дека бил предизвикан од противвоздушна ракета.
Во овој тежок инцидент за кој меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва, загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Меѓу загинатите, досега се најдени телата и на деветмина Британци.
Според лондонските медиуми, на седницата Камерон рекол дека ако се покаже оти авионот е навистина соборен, тогаш „тие кои го сториле тоа, ќе мора да одговараат“.
Британскиот премиер побарал од Русија и од Украина да гарантираат дека локацијата на која падна авионот ќе биде детално и соодветно истражена.
