Чиле

Повредени ученици во експлозија предизвикана од молотов коктел во училиште во Чиле

24.10.2024 08:38

Група ученици кои дента планирале улични демонстрации, правеле молотови коктели во една од просториите на училиштето кога еден од нив подоцна експлодирал...

Рачно изработена бомба експлодирала во средно државно училиште во центарот на Сантијаго во Чиле, предизвикувајќи пожар во кој се повредени најмалку 35 ученици, од кои 11 се критични.

Според извештаите, група ученици кои дента планирале улични демонстрации, правеле молотови коктели во една од просториите на училиштето кога еден од нив подоцна експлодирал.

Истрагата треба да ги даде одговорите за инцидентот.